Четири експлозии во Шведска во рок од еден час, пиротехничарите на терен
- Четири експлозии во рок од еден час одекнале низ Шведска, каде е зголемено насилството поврзано со банди, а на терен биле повикани пиротехничари, соопшти шведската полиција.
![Четири експлозии во Шведска во рок од еден час, пиротехничарите на терен](https://new.mia.mk/images/20230831144329_big_730x400_92.webp )
Стокхолм, 31 август 2023 (МИА) - Четири експлозии во рок од еден час одекнале низ Шведска, каде е зголемено насилството поврзано со банди, а на терен биле повикани пиротехничари, соопшти шведската полиција.
На местото на настанот била повикана и националната екипа за бомби. Полицијата соопшти и дека нема извештаи за повредени, само материјална штета.
Сите четири експлозии биле на станбени згради. мс/
фото: МИА архива