• сабота, 29 јуни 2024

Четврти пораз за македонските одбојкарки во Сребрената лига

Четврти пораз за македонските одбојкарки во Сребрената лига

Тарту, 10 јуни 2023 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби на гостувањето кај Естонија со 3:0, по сетови 25:22, 25:20 и 25:16.

 

За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари во Европската Сребрена лига.

 

Естонките со максимални четири победи се лидери на табелата во А-групата.

 

Во следното коло, Македонките ќе и гостуваат на Летонија. Овој натпревар ќе се одигра в среда со почеток во 16 часот. зс/

Остани поврзан