Четворица загинати во несреќа со бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос
- Четири лица го загубија животот откако чамец со бегалци и мигранти се превртел во морскиот дел северно од грчкиот остров Лезбос, спасени се 23 лица, додека во тек е акција на Крајбрежната служба на Грција за пронаоѓање на исчезнати, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 3 април 2025 (МИА) – Четири лица го загубија животот откако чамец со бегалци и мигранти се превртел во морскиот дел северно од грчкиот остров Лезбос, спасени се 23 лица, додека во тек е акција на Крајбрежната служба на Грција за пронаоѓање на исчезнати, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Крјабрежната служба информираа дека во спасувачката акција во вода, на копно и од воздух што се спроведува од рано утрово, вклучени се три патролни бродови, еден брод што плови во близина, четири возила и хеликоптер на военото воздухопловство.
Спасени се 23 бегалци и мигранти, а извлечени се четири безживотни тела.
Според грчките медиуми во чамецот имало 31 лице. ср/ссм/