• понеделник, 18 ноември 2024

Честитка од МД „Илинден“ по повод Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј

Честитка од МД „Илинден“ по повод Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј

Дебар, 24 мај 2023 ( МИА) - По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се.

-Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, стои во честитката.

Се додава дека со празнувањето им се оддава почит на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи.

- Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови, живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, се наведува во честитката на МД „Илинден"-Тирана. вт/цр

Фото: друштво „Илинден“-Тирана

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан