• петок, 05 декември 2025

Честитка од МД „Илинден",  МАЕИ и Единствена горанска партија по повод празникот Курбан Бајрам

Честитка од МД „Илинден

Дебар, 6 јуни 2025 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“-Тирана, и партиите Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) и Единствена горанска партија (ЈГП) упатија честитка по повод Курбан Бајрам, еден од најголемите муслимански празници.

-Почитувани верници со исламска вероисповед во Албанија, во Македонија и во целиот свет, честит Курбан Бајрам со желби за добро здравје и благосостојба во сечиј дом. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на тешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и координаторот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

Се посакува, меѓу луѓето „постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба“.
-Драги верници од исламска вероисповед, од мое лично име и од име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, кој претставува симбол на солидарноста, и ви посакувам здравје, љубов, среќа и хармонија во вашите семејства, стои меѓу другото во честитката на МАЕИ, потпишана од претседателот Васил Стерјовски.

Од се срце ви посакуваме, стои понатаму, празничните денови, да ги поминете во добро расположение, покажувајќи ја солидарноста, меѓусебното помагање и почитување што се вредности на овој празник. 

Од свое и од име на партијата, Единствена горанска партија упати лидерот Адем Хоџа, кој е и пратеник во косовскиот парламент.
-На сите верници од исламска религија им посакуваме честит и благословен Курбан Бајрам. Нека овој празник донесе мир, здравје, единство, меѓусебно почитување, стои во честитката потпишана од Хоџа. вт/дма/

Фото: Лого

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан