• среда, 18 декември 2024

Челзи, ПСЖ и Атлетико заинтересирани за Мартинез

Челзи, ПСЖ и Атлетико заинтересирани за Мартинез
Милано, 9 јуни 2022 (МИА) - Неколку европски екипи се заинтересирани за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Според „Tuttomercato“, интерес за 24-годишниот фудбалер покажуваат Челзи, ПСЖ и Атлетико. Интер е подготвен да го продаде напаѓачот за да собере пари за враќање на Ромелу Лукаку. Претходно беше објавено дека Мартинез сака да продолжи да игра за „нероаѕурите“. Актуелниот договор на Аргентинецот со миланскиот клуб истекува летото 2026 година. „Трансфермаркт“ го цени напаѓачот на 70 милиони евра. Мартинез минатата сезона забележа 49 настапи за Интер во сите натпреварувања, постигна 25 гола и четири асистенции. зс/

Остани поврзан