• понеделник, 15 декември 2025

Челзи постави рекорд во Конференциската лига по постигнати голови

Челзи постави рекорд во Конференциската лига по постигнати голови

Вроцлав, 29 мај 2025 (МИА) - Челзи постави рекорд во Конференциската лига по бројот на постигнати голови. На овој турнир „Сините“ од Лондон постигнаа 42 гола.

Синоќа Челзи го победи Бетис со 4:1 во финалето на турнирот и стана првиот тим што ги освоил сите европски натпреварувања: Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лигата на Европа, Лигата на конференциите, Суперкупот на УЕФА и Купот на победниците на куповите.

Претходно најдобриот резултат и припаѓаше на Фиорентина, која во сезоната 2022/23 постигна 37 гола во Конференциската лига. 

Конференциската лига се одржува од сезоната 2021/22. Претходни освојувачи на трофејот беа Рома (2022), Вест Хем (2023) и Олимпијакос (2024). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан