• вторник, 19 ноември 2024

Челзи неколку натпревари без повредениот капитен Џејмс

Челзи неколку натпревари без повредениот капитен Џејмс

Лондон, 14 декември 2023 (МИА) –  Aнглискиот фудбалски прволигаш Челзи следните неколку натпревари ќе ги одигра без капитенот Рис Џејмс поради повреда на тетивата.

Џејмс беше меѓу тројцата фудбалери на Челзи, заедно со голманот Роберт Санчез и левиот бек Марк Кукуреља, кои се повредија во неделата на гостувањето против Евертон (0-2) во Ливерпул.

„Капитенот Рис Џејмс беше прегледан по натпреварот против Евертон, кој го напушти во првото полувреме. Резултатите од скенерот потврдија дека станува збор за повреда на тетивата. Тој почна со рехабилитација во клупскиот тренинг центар“, објави Челзи.

Џејмс е најновото име на долгата листа повредени фудбалери во редовите на Челзи на која во моментов се наоѓаат Бен Чилвел, Весли Фофана, Ромео Лавија, Кристофеј Нкунку, Тревор Шалоба, Мало Густо и Карни Чуквуемека. ег/рп/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан