• понеделник, 25 ноември 2024

Челзи и Сити ќе добијат по 4.000 влезници за финалето во Истанбул

Челзи и Сити ќе добијат по 4.000 влезници за финалето во Истанбул
Лондон, 6 мај 2021 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска изрази надеж дека ќе може да им подели на Челзи и Манчестер сити по најмалку 4.000 влезници за нивните навивачи за финалето во Лигата на шампиони. Потврдувајќи дека Истанбул останува домаќин на завршниот натпревар закажан за крајот на овој месец, УЕФА наведе дека ќе продолжи тесно да соработува со Фудбалската федерација на Турција и локалните и државните власти со цел финалето да биде организирано на безбеден начин. Оптималното сценарио кое го разгледува УЕФА, во зависност од здравствената состојба во Турција поврзана со коронавирусот, е стадионот „Ататурк“ со 75.000 седишта да биде исполнет 50 отсто од капацитетот кога Челзи и Манчестер сити ќе се сретнат во финалето на 29 мај. Турција до 17 мај е во целосен карантин поради влошената епидемиолошка состојба и големиот број заразени со коронавирус. ег/

Остани поврзан