• вторник, 09 јули 2024

Чави: Роберто е важен играч за Барса, пример за сите, се надевам дека ќе го продолжи договорот

Чави: Роберто е важен играч за Барса, пример за сите, се надевам дека ќе го продолжи договорот

Барселона, 7 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на Барселона, Чави смета дека клубот треба да го продолжи договорот со Серхи Роберто. 

- За мене тој е важен играч, пример за сите. Тој е капитен. Може да игра на неколку позиции со загарантиран квалитет. Не му треба многу објаснување. Добива остри критики, но секогаш возвраќа со својот настап. Се надевам дека ќе го продолжи договорот, изјави тренерот на актуелниот шпански фудбалски шампион.

Триесет и едногодишниот одбранбен играч би можел да стане слободен играч на крајот од сезоната. 

Во октомври беше објавено дека Роберто може да се пресели во американската МЛС или во Саудиска Арабија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан