• сабота, 21 декември 2024

ЦУК организира симулациска командно-штабна вежба за справување со кризни инциденти

ЦУК организира симулациска командно-штабна вежба за справување со кризни инциденти
Скопје, 24 март 2022 (МИА) - Центарот за управување со кризи од 21 до 25 март организира симулациска командно-штабна вежба за справување со кризни инциденти во Република Северна Македонија, во организација на Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД. - На симулациската командно-штабна вежба присуствуваше и заменик-шефот на мисијата при Амбасадата на САД во нашата држава, Ерик Мајер, а на почетокот на работниот дел воведен збор имаше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се вели во соопштението од ЦУК. Од Центарот за управување со кризи информираат дека секој ден се реализирало различно сценарио за итни кризни ситуации, а при тоа и за конципирање соодветен одговор на истите - прво опасност од радиолошки материјали во урбана средина, потоа при поплава во реон на град и околина и при голема експлозија во истиот реон, односно град. - На вежбата беа користени примерите и искуствата од функционирањето на американскиот стандардизиран систем за команда, контрола и координација на соодветен одговор при појава на инциденти, што во САД давал добри резултати, а и често бил користен интернационално како образец за слични пристапи за справување со закани и кризни ситуации, велат од ЦУК. На почетокот на неделата, на извршната командно-штабна вежба за одговор при серија кризни инциденти во реон на Град Скопје, според планираните заеднички чекори се реализираа активности за запознавање и обука на учесниците со НИКС – Следна генерација на НАТО систем за управување со инциденти во Северна Македонија. Обуката на учесниците во вежбата што ќе го користат НИКС системот ја спроведе специјализиран тим од ЦУК. Активностите од минатонеделните подготовки, како и извршната командно-штабна вежба, додаваат од ЦУК, се под покровителство на Агенцијата за намалување на заканите на одбраната на САД (ДТРА) и се дел од сеопфатна програма за подобрување на одбранбените капацитети на Министерството за одбрана, конкретизирани во случајов преку армиската единица за АБХО заштита, како и за комуникација и координација на Центарот за управување со кризи и на институциите од Системот за управување со кризи (СУК). ки/сп/

Остани поврзан