Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди
- Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи.
Подгорица, 9 ноември 2023 (МИА) - Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи.
Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив бил пронајден нелегалниот пестицид хлорпирифос - кој во Црна Гора е целосно забранет.
Во извештајот за септември се наведува дека 2.700 килограми нектарини се уништени поради пестицидот форметанат, кој е забранет и во земјите од Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
Инспекторите уништиле и две пратки со добиточна храна во количина од 20.580 килограми бидејќи им поминал рокот на употреба.
Покрај уништената храна, во небезбедните пратки се и оние кои се вратени.
Инспекторите во септември од граница вратиле две пратки добиточна храна во количина од 48.900 килограми и 21.104 килограми лимони.
Вратени се и пратка корнишони од 1.786 килограми, 10.774 килограми домати и една пратка краставици од 2.229 килограми и 8.298 килограми грозје. ссм/
фото: архива