• сабота, 06 декември 2025

Црна Гора го затвори поглавјето за јавни набавки во преговорите со ЕУ

Црна Гора го затвори поглавјето за јавни набавки во преговорите со ЕУ

Подгорица, 27 јуни 2025 (МИА) – Црна Гора денеска официјално го затвори поглавјето 5 – „Јавни набавки“ – во рамките на пристапните преговори со Европската Унија, со што досега се затворени вкупно седум од 33 поглавја.

Министерот за финансии Новица Вуковиќ изјави дека ова е „потврда дека државата е подготвена да управува со јавните средства на транспарентен и одговорен начин“, во согласност со европските стандарди.

Владата истакнува дека процесот на јавни набавки бил темелно реформиран, дигитализиран и унапреден со фокус на заштита на јавниот интерес и борба против корупцијата. Иако властите го слават овој чекор како значаен успех, дел од граѓанскиот сектор го оценуваат како недоволен, потсетувајќи дека досега е затворено само едно поглавје од најавените повеќе.

Црна Гора преговара за членство во ЕУ од 2012 година и има амбициозен план да ги затвори сите поглавја до крајот на 2026 година. Сепак, закочени остануваат поглавјата за слобода на движење и за надворешна политика, додека Хрватска веќе го блокираше напредокот во делот на безбедносната политика поради билатерални прашања. ссм/

фото: архива

Остани поврзан