• недела, 22 декември 2024

Црквата Света Петка во тетовско Стенче ќе одбележи 100 години од возобновувањето

Црквата Света Петка во тетовско Стенче ќе одбележи 100 години од возобновувањето

Тетово, 25 февруари 2023 (МИА) - Црковното настојателство при храмот Света Петка во тетовско Стенче ги повика верниците да донираат и со собраните средства да се изврши подновување на црковната околина и инфраструктура. Неколкуте зафати се планираат со цел подостоинствено одбележување на големиот јубилеј 100 години од возобновување на црквата кое треба да се направи на празникот Источен Петок-Балаклија на 21 април.-По тој повод ние црковното настојателство од село Стенче, планираме да организираме голем црковно народен собир. За да го прославиме достојно овој јубилеј потребно е да ги реализираме следниве зафати - да набавиме црковно ѕвоно (камбана), да набавиме нова влезна врата на црквата и да изградиме покриен објект летниковец. Се обраќаме до сите
верници да ни помогнат со финансиски средства со цел благовремено да ги реализираме наведените зафати.  Господ Бог и Пресвета Богородица и Света Петка нека ги благослови сите донатори, нека дарува здравје љубов и успех, порачува Петре Гроздановски, благајник на црковниот одбор.
Црквата Света Петка која датира од 1923 година се наоѓа на планински предел над селото на планината Сува Гора. Донациите за црквата Света Петка Стенче може да се направат на жиро сметка 290400004774371 во ТТК банка. Од 2018 година црквата Света Петка е една од дестинациите на планинарско-рекреативната пешачка акција „Милениумска патека“. ас/ир

Остани поврзан