• понеделник, 23 декември 2024

Црвена тревога во западна Франција поради опасност од поплави

Црвена тревога во западна Франција поради опасност од поплави

Париз, 1 април, 2024 (МИА) - Во западниот француски департман Индре-ет- Лоара, и денеска останува на сила црвената тревога поради опасност од поплави, соопшти метеоролошката управа на Франција- Метео Франс, пренесе Анадолија.

Француските градови и реки во западна Франција за време на викендот се поплавија, а жителите беа евакуирани, јавија локалните медиуми.

Спасувачите ја продолжуваат потрагата по кајакар, кој во саботата исчезна во надојдената река Ла Виена, објави весникот „Ла Депеш“.

Нивото на водата на реката Ла Виена синоќа се зголеми на 5,24 метри, а на Креуз на 6,78 метри, надминувајќи го рекордот поставен во 1982 година. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан