Циципас за ривалството со Алкараз: Треба да тренирам за да ја подобрам играта
- Грчкиот тенисер Стефанос Циципас проговори за ривалството со Карлос Алкараз.
Мадрид, 27 април 2023 (МИА) – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас проговори за ривалството со Карлос Алкараз.
Во меѓусебните дуели Циципас е инфериорен 0:4. На Мастерсот во Мадрид тие може да се сретнат само во финалето.
- Далеку е финалето, по две недели. Треба да тренирам за да ја подобрам мојата игра. Toa e единствениот начин на кој можам да променам нешто во иднина. Нема друга опција освен да победам противник кој ми стана голема пречка. Карлос е многу вреден, на теренот ја гледаме неговата флексибилност и неверојатна брзина. Тој е фокусиран на играта и посветен на спортот, што е реткост. За да го постигнам ова, мора да вежбам со часови на теренот и во теретана, како и да ги анализирам моите настапи додека седам во хотелска соба, изјави Циципас.
Мастерсот во Мадрид ќе трае до 7 мај. Циципас кој е четврти носител, во првото коло е слободен, а во второто ќе игра со победникот од мечот Тим (Австрија) – Едмонд (Велика Британија). зс/
Фото: ЕПА