Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
- Цената на нафтата од типот „брент“ продолжува да достигнува нови максимуми за време на денешното тргување, а фјучерсите моментно се движат кон 107 долари за барел, што е раст од повеќе од 5 отсто, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши своето обраќање за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во наредните две-три недели.
Вашингтон, 2 април 2026 (МИА) - Цената на нафтата од типот „брент“ продолжува да достигнува нови максимуми за време на денешното тргување, а фјучерсите моментно се движат кон 107 долари за барел, што е раст од повеќе од 5 отсто, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши своето обраќање за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во наредните две-три недели.
Фјучерсите во текот на вчерашниот ден паднаа поради надежта дека војната би можела набргу да биде завршена, пренесува „Си-би-ес њуз“.
Трамп во обраќањето до нацијата изјави дека својата воена мисија во Иран ќе ја заврши „многу бргу“, дека досега се постигнати „убедливи победи“ и дека Соединетите Американски Држави „исклучително силно“ ќе го нападнат Иран во наредните две-три недели.
Тој во говорот од Белата куќа рече дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат нафтените постројки доколку со иранските лидери не се постигне договор. јт/мс/
Фото: МИА архива