• понеделник, 23 декември 2024

Целосно реконструиран затворениот базен во Струга

Целосно реконструиран затворениот базен во Струга

Струга, 13 декември 2023 (МИА) - Целосно е реконструиран затворениот базен во Струга, кој децении беше руина, за што беа инвестирани околу 99 милиони денари преку Агенцијата за млади и спорт.

Директорот на Агенцијата, Наумче Мојсоски за МИА информира дека в петок ќе биде направено примопредавање од страна на изведувачот, а до крајот на месецот и официјално ќе биде ставен во употреба.

Според него, базенот беше целосно реконструиран, речиси до темели, а покрај големиот, дограден е и мал базен.

- Направен е голем, олимписки базен, кој ги исполнува сите стандарди за меѓународни натпревари за пливање и ватерполо, а дограден е и мал базен, истакна Мојсоски.

Тој посочи дека целосно е заменета електричната инсталација и водоводната мрежа, направени се нови помошни простории, соблекувални, санитарни јазли, туш кабини....

Затворениот базен во Струга 20-тина години беше надвор од употреба, оставен на забот на времето, уриниран и уништен од несовесни граѓани. Сега, како што велат граѓаните, се исполнил сонот на стружани и аманетот од повозрасните генерации. За базенот ќе се грижи ЕСМ, во чија сопственост е предаден. сс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан