• четврток, 19 декември 2024

Царовска: Новиот концепт го поставува ученикот во центарот, но се грижи и за наставникот (ДПЛ)

Царовска: Новиот концепт го поставува ученикот во центарот, но се грижи и за наставникот (ДПЛ)
Скопје, 24 април 2021 (МИА) – Обука наменета за 44-те обучувачи од националниот тим за обука кои ќе треба да ги подготват наставниците да ги применуваат новите наставни програми за прво и четврто одделение, од 1 септември следната учебна година кога треба да почне спроведувањето на новиот концепт за основно образование, денеска и утре се одржува во Скопје. -Наставниците кои треба да бидат обучувачи на наставниот кадар во прво и во четврто одделение се веќе со расчистени дилеми за голем дел од работите на кој начин да се спроведуваат и што е она што треба да биде придобивка од оваа концепција. Следува периодот во кој тие самите ќе треба да изготват тренинзи и да ги спроведат во мај, како и од 15 јуни до 15 јули, а третиот модул на обука ќе биде последен и ќе биде баш пред стартот на учебната година, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска пред почетокот на обуката. Нагласи дека целта на обуката на наставниот кадар е што поспремни да влезат во училница и да ги реализираат наставните програми за прво и четврто одделение како што е предвидено. Новата концепција, посочи, предизвика промени во Законот за наставници и стручни соработници и во законското решение кое е во собраниска процедура, првпат се утврдува и кариерниот развој и се позиционираат повеќе ментори во едно училиште, како и се утврдува дека вработувањето на наставникот е на неопределено време. -Со тоа се спречува понатамошна злоупотреба на наставниот кадар која со години се правеше, а се спречуваат и неизвесноста, економското држење во стеги и правната несигурност која ги правеше наставниците понесигурни и не дозволуваше нивните капацитети и креативност да излезат на виделина, рече Царовска. Во овој закон, додаде, првпат се поставува минималната плата како основа што укажува дека усогласувањето на минималната плата ќе влијае и на усогласувањето на платата на наставниот кадар. -Сметам дека ова ги мотивира и оти голем дел од наставниците веќе се со позитивни критики и сега единствено им останува да се посветат на учениците. Оваа реформа првпат го поставува ученикот и детето во центарот, но грижата за наставникот е неопходна и пред се зашто ни еден концепт, ни една  наставна програма не може да биде добра ако наставниците не се доволно обучени и доволно мотивирани. Сметаме дека и ги обучуваме и ги мотивираме со новото законско решение за да имаме квалитетно образование, рече Царовска и додаде дека е сигурна оти тоа ќе се постигне за период од шест години ако се работи со заеднички сили. За Соња Кирковска, обучувач со обуката сите стравови и дилеми кои ги имале за концепцијата како наставници почнале да ги расчистуваат. Порачува дека е време за промени, но дека е тешко кога нешто се менува. - Ние како наставници можам да кажам дека сите оние дилеми што го имав за концепцијата со обуката пополека ми се расчиствуваат и стравовите кои ги имав се намалуваат. Се надевам дека моите колеги ќе ја разберат вистински концепцијата и ќе ги надминеме заедно и сите заедно ќе се менуваме, бидејќи без промена на наставниците нема да може и нашето образование да оди напред. Можеби моментот не  е баш најдобар, меутоа никогаш не можеме да го најдеме вистинскиот момент и затоа сметам дека сме пред голем предизвик, а ние наставниците, учителите секогаш сме столбот на едно општество и ќе дадеме се за да ги исполниме целите на конценпцијата базирани на тие осум стандарди, која е една новина, рече таа. Теута Идризи, директорка на ОУ „Лирија“ во Општина Чаир истакна дека инклузивноста, родовата рамноправност и мултикултурализмот се елементи кои ќе бидат внесени во новите училишни програми и кои ќе вродат со плод. - Можам да кажам дека сите сме носители на промените и се надевам дека сите наставнци, раководители на институциите треба да работиме за да го извадиме најдоброто од нас за целата оваа работа да покаже резултати, рече таа. Една од обучувачките што треба да обучи идни наставници од прво до трето одделение за новата концепција за основно образование потенцира дека во овие два дена од обуката поминале низ некои теми коишто ги содржи концепцијата кои што не биле толку експлицитно дадени во самите програми на наставниците, а тоа се инклузивното образование, родовата сензитивност и интеркултурализмот. - Во врска со самите теми можам да кажам и дека обуките течат многу интерактивно. Сметам дека ќе бидат голема придобивка за самите наставници кои ќе ги спроведуваат, затоа што овде гледаме еден добар модел пред се и од страна на обучувачите. Во самите теми се освествивме многу повеќе за темата родова сензитивност, кои се можеби нашите стереотипни улоги кои што ги имаме во врска со учениците, наставата, пристапот. Интересно беше исто така што добро се нагласуваат принципите на инклузивното образование и пристапот на училиштето кое што треба да го имаат ученикот во центар на вниманието и она за што сите се залагаме е дека сите ученици треба да бидат дел од воспитно-образовниот процес. Сметам дека и имплицитно и експлицитно, обуките ќе дадат голем придонес наставниците да сфатат дека ова конценпција има добра своја инклузивност и проодност во иднина, рече обучувачката.фф/вј/

Остани поврзан