• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хутите нападнале товарен брод во грчка сопственост

Хутите нападнале товарен брод во грчка сопственост

Атина, 30 април 2024 (МИА) – Товарен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Малта бил на мета на напад од Хутите во Црвеното море, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации товарниот брод „Кикладес“ бил нападнат со три проектили и дронови, но продолжил да плови.

Паралелно, на мета на напад на Хутите биле и уште еден товарен брод, како и два американски воени бродови. ср/

Остани поврзан