• вторник, 13 јануари 2026

Хуманост на дело - ОО Црвен крст Виница подели 27 пакети на граѓани

Хуманост на дело - ОО Црвен крст Виница подели 27 пакети на граѓани

Виница, 11 јануари 2026 (МИА) - По успешно реализираната хуманитарна забава организирана од ОО Црвен крст Виница со цел обезбедување пакети за стари лица, на која настапи Ивона Јо, беа набавени производи во вредност од околу 27 000 денари.

Од собраните средства се подготвени 27 пакети кои се подеднакво распределени. Како што информираат од виничката ОО на Црвениот крст, дел се доделени директно на поединци, а дел преку Здружението на пензионери - Виница, „Златно Доба” - Виница и „Златни Срца” - Виница, организации кои работат со стари лица кои пакетите ги намениле за пензионери од социјален ризик.

-Со оваа акција барем малку ги разубавивме новогодишните и божиќните празници на дел од нашите сограѓани од Виница и покажавме дека заедно можеме повеќе, велат волонтерите. ис/мч/

фото: Црвен крст Виница

Остани поврзан