• понеделник, 23 декември 2024

Хуманитарен настан под мотото „Да го вратиме звукот на Дамјан“ во паркот во Ѓорче Петров

Хуманитарен настан под мотото „Да го вратиме звукот на Дамјан“ во паркот во Ѓорче Петров

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Хуманитарен настан под мотото „Да го вратиме звукот на Дамјан“, ќе се одржи утре во паркот во Ѓорче Петров.

Настанот ќе започне во 11:00 часот и е организиран со цел да се соберат средства за помош на младиот Дамјан, кој има потреба од специјален медицински третман за враќање на слухот.

Во рамките на хуманитарниот настан ќе се одржат различни активности, меѓу кои спортски активности, детска лабораторија, креативна работилница, како и други детски содржини.

Настанот е организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Д.Мед како општествено одговорна компанија.

Телефони за донација за Дамјан: Т-Мобиле 143-183 и А1 143-888. дма/нд/

Фото: Плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан