• недела, 07 јули 2024

Хуманитарен концерт и крводарителска акција во Ѓорче Петров во спомен на Марија Михајловска

Хуманитарен концерт и крводарителска акција во Ѓорче Петров во спомен на Марија Михајловска
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Во Реонскиот парк во Ѓорче Петров вечерва ќе се одржи Традиционалниот меморијален годишен настан во сеќавање на Марија Михајловска. - Реонскиот парк во Ѓорче Петров вечерва ќе биде центар на големо случување со хумана нота. Life Wire, Бени Шаќири, Јовче Пандев и пријателите и Стојне Николова заедно со Динамик бенд ќе ги забавуваат ѓорчепетровци на традиционалниот меморијален годишен настан во сеќавање на Марија Михајловска, наш сограѓанин и хуманист која прерано го загуби животот, информираат од Општина Ѓорче Петров. Стартот на настанот е во 19 часот и 30 минути со мото дефиле од улицата „Борис Сарафов“ до Центар. Концертот е предвидено да почне околу 20 часот, односно по пристигнување на моторџиите во паркот. Собраните средства од пијалоци ќе бидат донирани за лекување на малата Ника Стојановска која боледува од таласемија и потребно и е пресадување матични клетки во Турција. На настанот му претходеше крводарителска акција од 9 до 13 часот во Центарот за култура. сст/сп/

Остани поврзан