• петок, 22 ноември 2024

Хуманитарен концерт во Крушево со песни на Тоше Проески

Хуманитарен концерт во Крушево со песни на Тоше Проески
Крушево, 29 јуни 2022 (МИА) - Во спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево вечер во 19:30 часот ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“, кој ќе биде во чест на Тоше. Млади таленти ќе ги интерпретираат песните на Тоше Проески. Организатор на манифестацијата е „Play Without Boundaires“, а собраните средства ќе бидат наменети за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во земјава. - Дваесет и деветти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име. Талентитани уметници како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“, информираат организаторите. ем/фф/

Остани поврзан