• петок, 05 јули 2024

Христов: Продажбата на македонското вино Стоби во Бугарија расте меѓу 5 и 15 отсто годишно

Христов: Продажбата на македонското вино Стоби во Бугарија расте меѓу 5 и 15 отсто годишно
Софија, 17 јуни 2022 (МИА) - Македонската винарија Стоби е присутна на бугарскиот пазар веќе десет години. Директорот за продажба на „Уротим ДООЕЛ“ и претставник за продажба на македонските вина Стоби за Бугарија Динко Христов, за МИА вели дека е задоволен од продажбата на македонските вина. Како што јави дописникот на МИА од Софија, со исклучок на ковид-пандемијата, македонската винарија годишно расте меѓу 5 и 15 проценти на бугарскиот пазар. За време на Балканскиот вински фестивал што се одржува во Софија од 16 до 18 јуни пред Националната палата на културата, Христов информираше дека на годишно ниво се продаваат меѓу 50.000 и 80.000 шишиња во Бугарија. - Македонското вино што го нудат не може да се најде во широката трговска мрежа во Бугарија, туку само во специјализираната мрежа за продажба на вино и корпоративна продажба. Уротим ДООЕЛ прави своја дистрибуција, коментира Динко Христов. Интерес, како што вели тој има и од многу клиенти кои нарачуваат и купуваат од ова македонско вино. На бугарскиот пазар Стоби нуди три класи на вино класично, барик и специјално. Од класичните вина, средната класа продава најмногу вина во Бугарија од македонската винарија, потоа барикатите и малите распродажби од специјалниот избор. Но, потенцијалот за раст на специјалните вина од Стоби е доста добар, изјави Динко Христов. нк/ки/

Остани поврзан