• среда, 27 ноември 2024

Хрватска испраќа канадер со два екипажи во земјава

Хрватска испраќа канадер со два екипажи во земјава

Загреб, 16 јули 2024 (МИА) – Министерството за одбрана на Република Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во Република Северна Македонија за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, соопшти вчера Министерството во Загреб.

Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Северна Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, се додава во соопштението.

Македонската влада завчера донесе одлука за постоење на кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на земјава. јт/

Фото: Влада на Хрватска

Остани поврзан