• недела, 28 април 2024

Хрватот Бјелица нов тренер на Трабзонспор

Хрватот Бјелица нов тренер на Трабзонспор

Трабзон, 18 април 2023 (МИА) – Актуелниот турски фудбалски првак Трабзонспор, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, го назначи денеска хрватскиот стратег Иван Бјелица за нов тренер.

Турскиот клуб соопшти дека со 51-годишниот Бјелица е потпишан договор со крајот на сезоната 2024/25.

Откако лани во доминантен стил ја освои шампионската титула во Турција, оваа сезона Трабзонспор не е ниту одблиску толку силна екипа и во моментов се наоѓа на шестото место со Супер лигата.

Трабзонспор зад лидерот Галатасарај заостанува дури 21 бодови. ег/рп/

ФОТО:Твитер

Остани поврзан