• среда, 03 јули 2024

Хортикултурно уреден детскиот парк во Јака, општина Илинден

Хортикултурно уреден детскиот парк во Јака, општина Илинден

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Децата од Јака, општина Илинден од денеска ќе можат да се забавуваат во нов детски парк чиешто хортикултурно уредување е донација од „Макпетрол“, а се реализира во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“.

Општина Илинден соопшти дека хортикултурното уредување на новиот детски парк во Јака е дел од континуираните активности со кои што компанијата помага во справувањето со актуелните еколошки проблеми во земјата. Оваа донација, како што се наведува, освен што на најмладите ќе им обезбеди зелено катче за дружба, ќе придонесе да се намали загадувањето на воздухот и да ги подобри условите за урбано живеење.

Според градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, со оваа донација се овозможува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, а корист ќе имаат децата и нивните родители.

Општина Илинден информира дека продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“ и ги поканува сите правни и физички лица активно да се вклучат и да дадат свој придонес во заедницата за поубав живот и почиста животна средина. мд/са/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан