• среда, 08 мај 2024

Холандскиот пратеник за Украина поднесе оставка поради изјавата дека Украинците се Руси

Холандскиот пратеник за Украина поднесе оставка поради изјавата дека Украинците се Руси

Хаг, 20 април 2023 (МИА) – Дипломатот Рон ван Дартел, кој беше назначен пред помалку од три недели да го промовира холандското учество во обновата на Украина, поднесе оставка поради неодамнешната изјава дека Украинците се Руси.

Ван Дартел, поранешен холандски амбасадор во Србија, Полска и Русија, поднесе оставка поради коментарите што ги дал на авторот на една нова книга.

- Украинците исто така се Руси. Тоа не смееме да го заборавиме. Тоа е реалност, изјавил холандскиот дипломат за РТЛ.

Холандското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја прифатило неговата оставка.

Министерството соопшти дека изјавата на дипломатот била дадена пред неговото назначување претходно овој месец, но била објавена дури откако тој ја презел функцијата.

Ван Дартел „сфати дека повеќе не може да функционира веродостојно со дадените изјави и затоа реши веднаш да поднесе оставка“, соопшти холандското МНР. јт/

Фото: Фејсбук профил на Рон ван Дартел

Остани поврзан