• сабота, 23 ноември 2024

Холандија ќе ги врати уметничките дела одземени во Втората светска војна

Холандија ќе ги врати уметничките дела одземени во Втората светска војна
Амстердам, 26 јуни 2021 (МИА) - Холандската Влада соопшти дека ќе ги врати сите уметнички дела кои нацистите ги одзеле од нивните сопственици за време на Втората светска војна. Прво ќе се испита потеклото на уметничките дела, објави владата, пренесува ДПА. Ако не се најде вистинскиот сопственик, делото ќе оди во еврејските заедници, кои пак ја поздравија одлуката како „морално исправна“. Музеите и уметничките колекции во Холандија сè уште поседуваат околу 3,2 илјади слики и предмети украдени од еврејските сопственици за време на војната. Холандија не ја истражува сопственоста на овие уметнички дела со структуриран пристап од 2007 година. Минатата година истражна комисија назначена од владата заклучи дека тоа претставува кршење на меѓународните договори. Централната федерација на еврејски организации потенцира дека таа отсекогаш го застапувала ставот дека Холандија на ниту еден начин не би требало да профитира од убиството на шест милиони Евреи и нивното страдање за време на Втората светска војна. ссм/

Остани поврзан