Хитроу и Рајанер со големи проблеми поради глобалниот прекин на системите за ИТ
- Британскиот аеродром „Хитроу“ и ирската авиокомпанија „Рајанер“ предупредија денеска дека се соочуваат со големи турбуленции поради ширењето на хаосот за патување што произлегува од глобалниот прекин на системите за ИТ.
Лондон, 19 јули 2024 (МИА) - Британскиот аеродром „Хитроу“ и ирската авиокомпанија „Рајанер“ предупредија денеска дека се соочуваат со големи турбуленции поради ширењето на хаосот за патување што произлегува од глобалниот прекин на системите за ИТ.
„Хитроу“ соопштија дека проблемот влијае на некои системи, додека Рајанер - дека се соочува со прекин поради „глобален прекин од трета страна“.
„Мајкрософт моментално има глобален прекин што влијае на одредени системи на Хитроу“, објави аеродромот на X.
„Летовите се оперативни и ние спроведуваме планови за вонредни ситуации за да го минимизираме секое влијание врз патувањата„, се додава во соопштението.
„Рајанер“ предупреди дека се соочува со последици од колапсот што предизвика технички проблеми ширум светот, вклучително и на програмата на британскиот ТВ канал „Скај њуз“ и на Лондонската берза, како и на железничките оператори и на здравствените установи во државата. паг/
Фото: МИА архива