Израелската армија соопшти дека елиминирала уште еден висок ирански командат
- Во соопштението од израелската армија се наведува дека е убиен „командант на штабот одговорен за нафтените работи за силите на иранскиот терористички режим“, Џамшид Ешаги
Ерусалим, 2 април 2026 (МИА) – Израелската армија соопшти дека неделава убила уште еден висок ирански командант при напад во Техеран.
Во соопштението од израелската армија се наведува дека е убиен „командант на штабот одговорен за нафтените работи за силите на иранскиот терористички режим“, Џамшид Ешаги.
Ешаги бил одговорен и за обезбедување финансиски средства за сојузниците на Иран во регионот, меѓу кои либанската милиција Хезболах и Хутите во Јемен.
Ешаги беше на листата за санкции на Министерството за финансии на САД и е дефиниран како „глобален терорист“. ми/
фото: ЕПА