• понеделник, 23 декември 2024

Хил: Го поддржуваме „Отворен Балкан“, во регионот сè уште постои недоверба

Хил: Го поддржуваме „Отворен Балкан“, во регионот сè уште постои недоверба

Белград, 9 февруари 2023 (МИА) - Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека земјите од балканскиот регион мора да имаат модели на соработка, истакнувајќи дека проектот „Отворен Балкан“ е многу позитивен.

„Ми се допаѓа што беше развиен овде на Балканот, не беше наметнат однадвор. Ние го поддржуваме како и другите проекти за регионална интеграција“, рече Хил за РТС, пренесе Бета.

На прашањето кои други предизвици остануваат со поцелосна економска интеграција, тој изјави дека „очигледно има политички предизвици – наследени проблеми и недоверба“.

„Би рекол дека овде има многу историско наследство, повеќе од потребно, мора да најдеме начин да го надминеме“, нагласи Хил. паг/
 
 

Остани поврзан