• недела, 17 ноември 2024

Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај село Папрадиште

Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај село Папрадиште

Скопје, 7 август 2024 (МИА) - Хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска дејствувал на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во 11 циклуси биле исфрлени над 20 тони вода, со што биле локализирани дел од жариштата.

-Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Министерството за внатрешни работи на Србија, со што е спречено пожарот да се развие кон село Папрадиште, информира МВР. хс/са/ 

Фото (принтскрин) и видео: МВР

Остани поврзан