• понеделник, 23 декември 2024

Харви Вајнстин со нови 11 обвиненија за сексуално вознемирување

Харви Вајнстин со нови 11 обвиненија за сексуално вознемирување
Лос Анџелес, 13 април 2021 (МИА) - Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин е обвинет за 11 нови сексуални злосторства во Округот Лос Анџелес (САД), за што тој би можел да биде испратен во Калифорнија овој месец од затворот во Њујорк, каде што веќе издржува казна за сличен случај. Во видео-врска, адвокатот на поранешниот продуцент, Норман Ефман тврди дека неговиот клиент не е во можност да премине од источниот на западниот брег на САД поради неговото кревко здравје, бидејќи го губи видот и му требааат неколку стоматолошки операции. си/сд/

Остани поврзан