• понеделник, 23 декември 2024

Хакерски напад врз грчкиот катастар

Хакерски напад врз грчкиот катастар

Атина, 19 јули 2024 (МИА) – Грчкиот катастар синоќа неколку часа бил мета на хакерски напад, а веднаш биле мобилизирани сите државни органи надлежни за справување со вакви случаи, соопштија од Министерството за дигитално управување на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакнаа дека активностите кои беа преземени биле насочени кон изолирање на мрежите и системите со цел да се прекине каков било пристап до корисниците или софтверите.

- Од досегашната анализа на експертите, произлегува дека нападот не ја постигнал својата цел во ниту една критична инфраструктура и сите дигитални услуги остануваат активни, соопштија од надлежното министерство.

Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои информации пишува дека нападот бил во изминатите денови од најмалку две различни места, хакерите обезбедиле пристап до базата на податоци, меѓутоа не е познато дали успеале да украдат податоци. ср/

Остани поврзан