• недела, 22 декември 2024

Хабек ги повика Германците да ја задржат довербата по распадот на коалицијата

Хабек ги повика Германците да ја задржат довербата по распадот на коалицијата

Берлин, 7 ноември 2024 (МИА) – Германскиот министер за економија и заменик-канцелар Роберт Хабек апелираше до граѓаните да ја задржат довербата во демократијата на земјата, и покрај актуелната политичка криза.

- Не се сомневајте во силата на оваа земја. Надминавме сосема различни предизвици, рече Хабек, клучен член на Партијата на Зелените, во изјава што неговото министерство ја објави на Х.

- Решивме сосема различни проблеми. Не се сомневајте во демократијата, рече тој.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера го разреши Кристијан Линднер, кој беше министер за финансии, а набргу потоа Линднер, шефот на про-бизнис Слободните демократи, се повлече од владата. Шолц потоа повика на гласање за доверба на 15 јануари што може да предизвика предвремени избори.

Хабек призна дека кавгата меѓу трите коалициски партнери – Социјалдемократите, Зелените и ФДП – ја нарушила довербата во владата и политиката.

- Тоа беше непопуларна влада, рече тој.

Сепак, тој смета дека распадот на коалицијата можеше да се избегне. Тој додаде дека до нови избори ќе ги исполни своите должности најдобро што може. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан