Ф1: Астон Мартин сака да го ангажира Расел
- Формула 1 тимот Астон Мартин е меѓу заинтересираните да го ангажираат возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, за сезоната 2026.
Лондон, 6 јуни 2025 (МИА) – Формула 1 тимот Астон Мартин е меѓу заинтересираните да го ангажираат возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, за сезоната 2026.
Расел се пресели од Вилијамс во Мерцедес во 2022 година и влегува во последните шест месеци од својот договор.
И покрај гласините дека Мерцедес би можел да се обиде да го доведе актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул, Расел е оптимист дека ќе обезбеди нов договор со тимот, објави специјализираната веб-страница ПланетФ1.
Сепак, според истиот извор, како што се приближува крајот на неговиот договор, се чини дека Расел се распрашува за своите опции за следната сезона, а Астон Мартин е сериозно заинтересиран да го донесе во своите редови. ег
ФОТО: ЕПА