• петок, 22 ноември 2024

ФФМ: Целосно соработуваме со МВР

ФФМ: Целосно соработуваме со МВР

 

Скопје, 29 март 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) лиферуваше соопштение за полициската истрага која денеска беше спроведена во „Куќата на фудбалот“ во врска со наместени натпревари, истакнувајќи дека службите на ФФМ во целост соработуваат со Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во соопштението на ФФМ се прецизира дека од страна на МВР биле „побарани информации кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ и распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства“.

„Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред сè на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел“, се наведува во соопштението. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан