• сабота, 21 декември 2024

Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир

Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир

 

Марсеј, 5 август 2024 (МИА) – Машката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот финалист на олимпискиот турнир, откако вечерва со пресврт го совлада Мароко со 2-1 во полуфиналниот натпревар одигран на стадионот „Велодром“ во Марсеј.

Мароканците поведоа со голот на Суифан Рахими од пенал во 37. минута.

Фермин Лопез израмни во 66. минута, а истиот играч во 85. минута му асистираше на Хуанлу Санчез за конечни 2-1.

Земјата на актуелниот европски шампион така ќе има можност да се бори за олимпиското злато, а противник ќе им биде победникот од втората полуфиналната пресметка меѓу Франција и Египет во Лион. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан