• петок, 27 декември 2024

Француското обвинителство бара затворска казна за Марин Ле Пен за проневера

Француското обвинителство бара затворска казна за Марин Ле Пен за проневера

Париз, 14 ноември 2024 (МИА) - Јавниот обвинител синоќа побара лидерката на француската десница Марин Ле Пен да биде прогласена за виновна за проневера, осудена на затвор и забрана да се кандидира за јавна функција, вклучително и за претседател на Франција, во следните пет години.

Ле Пен, нејзината партија Национален митинг и уште 24 луѓе, меѓу кои и сегашни и поранешни пратеници и европратеници, се обвинети за незаконско користење на средствата на Европскиот парламент за плаќање на парламентарните асистенти, што тие го негираа, пишува Политико.

Обвинителите сакаат Ле Пен да добие најстрога казна, истакнувајќи дека таа била и член на Европскиот парламент и лидер на партијата кога биле извршени кривичните дела. Тие побараа од судијата да ја осуди на пет години затвор, од кои три години се условни, заедно со парична казна од 300.000 евра.

Забраната за кандидирање за јавни функции би траела и по 2027 година, кога треба да се одржат следните претседателски избори.

Што е најважно, обвинителите сакаа казната да стапи во сила веднаш, без разлика дали Ле Пен ќе поднесе жалба до понискиот суд. зш/

Остани поврзан