• недела, 22 декември 2024

Француските трупи ќе почнат да се повлекуваат од Нигер „оваа недела“

Француските трупи ќе почнат да се повлекуваат од Нигер „оваа недела“

Париз, 5 октомври 2023 (МИА) - Француските трупи ќе почнат да се повлекуваат од Нигер „оваа недела“, соопшти Париз , по несогласувањето со воената хунта на власт по јулскиот пуч.

-Ќе ја започнеме нашата операција за повлекување оваа недела, безбедно и во координација со Нигеријците, соопшти воениот штаб.

Соопштението доаѓа една недела откако францускиот амбасадор во Ниамеј се врати дома под притисок на режимот.

Претседателот Емануел Макрон на 24 септември најави повлекување на 1.400 француски војници „до крајот на годината“.

Војниците на Париз беа во Нигер како дел од пошироката борба против џихадистите низ регионот Сахел.

Околу 400 се распоредени заедно со локалните војници во северозападен Нигер, во близина на нејзините граници со Буркина Фасо и Мали. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан