• четврток, 05 септември 2024

Французинот Рабио трансфер цел на саудиски Ал Наср

Французинот Рабио трансфер цел на саудиски Ал Наср


Ријад, 4 септември 2024 (МИА) – Саудискиот фудбалски прволигаш Ал-Наср е подготвен да му понуди висока плата на францускиот репрезентативец Адриен Рабио (29) за да го привлече во своите редови, тврди денеска весникот „Кориере дело спорт“.
Французинот е слободен играч откако неодамна официјално го напушти Јувентус, а неговата преселба во другиот италијански гигант Милан не успеа да се реализира.
Ал-Наср, во чиј редови настапува португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, е подготвен да му понуди на Рабио плата од 20 милиони евра годишно.
Рабио претходно ја одби понудата на Јувентус за нов двегодишен договор со годишна плата од 7,5 милиони, а потоа ниту Атлетико Мадрид, Ливерпул и Милан не успеаја да ги исполнат финансиските барања и на играчот и на неговата мајка, која е негов агент. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан