• недела, 26 јули 2026

Франција: Приведувањето на наши службеници во Иран нема да остане без последици

Франција: Приведувањето на наши службеници во Иран нема да остане без последици

Париз, 20 јули 2026 (МИА) – Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска изјави дека ќе има последици откако двајца службеници на француската амбасада во Техеран на неколку часа биле приведени од иранските безбедносни служби.

Баро изјави дека француските службеници биле задржани без причина и дека неколку часа биле испрашувани и физички заплашувани, пред конечно да им биде дозволено да се вратат во амбасадата.

„Го известив иранскиот министер за надворешни работи дека овие исклучително сериозни и неприфатливи нарушувања на неповредливоста на нашите службеници не можат да останат без последици“ - напиша Баро во објава на социјалната мрежа Икс.

Француското Министерство за надворешни работи засега не соопшти дополнителни детали за околностите под кои биле приведени службениците, ниту за причините што ги навеле иранските власти за нивното задржување. ссм/

фото: архива