• понеделник, 23 декември 2024

Франција: Итно да завршат преговорите за иранската нуклеарна програма

Франција: Итно да завршат преговорите за иранската нуклеарна програма

Париз, 28 февруари 2022 (МИА) - Француското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е итно да се завршат преговорите за иранската нуклеарна програма оваа недела.

Иран претходно соопшти дека обновувањето на нуклеарниот договор од 2015 година е можно доколку западните сили донесат политичка одлука за решавање на трите преостанати прашања, бидејќи индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон влегуваат во клучна фаза.

Дипломатите од страните вклучени во преговорите рекоа дека влегле во клучна фаза, додека Техеран отфрла каков било „измислен рок“ за разговорите.

Договорот меѓу Иран и светските сили од 2015 година го ограничи збогатувањето ураниум на Техеран за да му го отежне развојот на материјал што може да се користи за нуклеарно оружје, во замена за укинување на меѓународните санкции против Техеран. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан