• петок, 09 август 2024

Франција ги елиминираше светските шампиони и стигна до второ олимписко финале по ред

Франција ги елиминираше светските шампиони и стигна до второ олимписко финале по ред

Париз, 8 август 2024 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Франција стигна до своето второ по ред олимписко финале.

По освојувањето на сребрените медали во Токио 2020 година, селекцијата на Винсент Коле сега ќе се обиде повторно да триумфира со злато на домашните Игри во Париз.

„Петлите“ ги елиминираа светските шампиони од Германија победувајќи со 73:69 (18:25, 15:8, 23:17, 17:19) во „Акор арената“ во француската престолнина.

Домаќините повторно ги очекуваат Американците во финалето, но тие претходно треба да се справат со Србија во вечерашното второ полуфинале кое почнува од 21 часот.

Во Токио 2020, Соединетите Држави ги победија Французите со 87:82 во спорот за златото. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан