• четврток, 27 јуни 2024

Натпревар за научна фотографија 2023

Натпревар за научна фотографија 2023

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) -  Здружението Споделено знаење организира фотографски натпревар со наслов  „Натпревар за научна фотографија 2023“ којшто  ќе трае од  1 ноември до 15 декември, во рамки на иницијативата Wiki Science Competition. Целта на овие  фотографии е да бидат користени од документарен и информативен карактер, односно за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни викимедиини проекти.

-Според оценката на стручно жири, најуспешните фотографии ќе бидат наградени со парични награди, доделувани од Споделено знаење, и тоа:  прва награда - 350 евра, втора награда - 250 евра, трета награда - 100 евра, четврта награда -  50 евра, петта награда -  50 евра и награда за учесник со најмногу фотографии –  200 евра, велат од здружението.

За најуспешните фотографии, ќе  бидат доделени ваучерски награди, доделувани од страна на иницијативата Wiki Science Competition. љм/са/

Фото: Здружение Споделено знаење 

 

Остани поврзан