• понеделник, 23 декември 2024

Форум на жени на ЛДП: За четири години 127 злосторства кон децата, потребни се реформи за да ги заштитиме

Форум на жени на ЛДП: За четири години 127 злосторства кон децата, потребни се реформи за да ги заштитиме

Скопје, 17 август 2023 

Кавадарчанец под истрага за силување на 7-годишната ќерка, полицаец од Демир Капија си го силувал синот, ова се вести за двајца монструми кои вчера го поразија нашето општество, особено во заштитата на децата. Форумот на жените на ЛДП апелира итно до сите надлежни институции да преземат итна акција за расветлување на трагичните настани. Тие повикуваат за пошироки општествени и правни реформи за подобра заштита на децата од вакви ужасни случувања.

-Онаму каде треба децата да бидат најзаштитени, во семејството, тие биле повредени на најсуров начин од својот родител. Затоа сметаме дека злосторниците треба да бидат казнети. Ниту еден педофил од Македонија не е осуден на доживотен затвор, иако законот предвидува таква казна за полов напад на малолетник кој не наполнил 14 години. Од друга страна и превентивно да помогне да не се случуваат сексуални злоставувања над деца од истите сторители, а воедно да биде и опомена за сите идни случаи, посочуваат од партијата.

Како што посочуваат од Форумот на жени на ЛДП, во Македонија има околу 300 регистрирани педофили, иако повеќето од нив се на слобода, веб-страницата на која можеме да видиме кои се тие, за да се преземат превентивни мерки за заштита на децата одамна не е функционална иако е отворена во 2012 година, додека во земјава секоја година има десетици сексуални напади врз деца. 

-Само во последните четири години има вкупно 127 злосторства кон децата, меѓу кои и сексуални напади врз деца под 14 години, производство и дистрибуција на детска порнографија. Затоа треба подигнување на јавната свест, поточно информации дека постои и бесплатна телефонска линија каде можат да се пријават случаите на сексуално злоставување деца, СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22, а децата жртви да не се срамат и да ги пријават, да не молчат, туку да им го кажат случајот на возрасните на кои им веруваат, а потенцираат и дека многу е важно децата да знаат дека имаат право на приватност, додаваат тие.

ЛДП

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан