• понеделник, 23 декември 2024

Фон дер Лајен: Со нетрпение ве очекуваме во ЕУ со вашиот посебен идентитет и македонски јазик

Фон дер Лајен: Со нетрпение ве очекуваме во ЕУ со вашиот посебен идентитет и македонски јазик

Брисел, 29 октомври 2023 (МИА) - Како што Северна Македонија напредува во реформите, така го трасира својот пат кон ЕУ, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на платформата Икс по вечерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски во Скопје. 

- Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик, наведе Фон дер Лајен, изразувајќи задоволство што нејзината турнеја низ земјите од Западниот Балкан во следните три дена ја започнува токму од Скопје.

Како што претходно соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата станало збор за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот. сп/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан