• вторник, 14 јануари 2025

Фон дер Лајен му честиташе на новиот премиер на Франција

Фон дер Лајен му честиташе на новиот премиер на Франција

Брисел, 13 декември 2024 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска му честиташе на центристот Франсоа Бајру за именувањето за премиер на Франција, оценувајќи дека нему „Европа му е во срцето“.

- Ајде сите заедно да работиме за посилна и поконкурентна Европа која има средства да се одбрани, напиша Урсула фон дер Лајен на Х.

Новоименуваниот француски премиер денеска изјави дека сака „помирување“ меѓу Французите, но ќе се соочи со огромниот предизвик за решавање на големата политичка криза што ја зафати земјата по распуштањето на парламентот во јуни.

Бајру е шестиот премиер од првиот претседателски мандат на Емануел Макрон во 2017 година, а четврти оваа година. јт/

Остани поврзан